ИНФО

Драги пријатели,

       Чест ми е да Ви го претставам ЕД "Изгрев" од Свети Николе. Во развојот на ова здружение на граѓани се забележуваат две фази. Првата, од 1991 до 1997 г., опфаќа период на запознавање на состојбата со животната средина во заедницата, први практични акции, работа со младите, обука, придобивање на симпатиите од сограѓаните. Во овој период активистите немаа постојано место на состанување и своите договори ги правеа во библиотека, во парк, училишните простории, во слаткарница и сл.

       Во 1997 г. се започна со постојано канцелариско работење и со пошироко програмирани активности и проекти. Ова овозможи создавање на постојана база на податоци, постојана адреса каде што граѓаните можеа да разменат информации и да разработат начини за делување во заштитата на животната средина. Се започна со реализацијата на првите стручни анализи на загрозување на животната средина, промоција на учеството на јавноста во одлучувањето, креирање на планови и стратегии за подобро утре, промовирање на соработката со другите НВОи, односно создавање на НВО сектор во заедницата и РМ. Растежот на ЕД "Изгрев" беше несомнен и тој стана сериозен и баран партнер за НВОи и локалните власти во креирањето на иднината на заедницата. Co сериозниот пристап во работата, постојано надградување со обуки, проширување на членството со напредни, активни граѓани, ЕД "Изгрев" овозможи реализација на заедничка визија за подобар живот.

       Учествувајќи во работата на ЕД "Изгрев" верувам дека мала група на ентузијасти може да направат големи нешта, дека тие го создаваат капиталот за идните генерации.

Владимир Гилев

МИСИЈА

ПРОМОВИРАЊЕ HA НОВИ МЕТОДОЛОГИИ И ПРИСТАПИ ВО ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПРИРОДАТА, ИЗГРАДБА НА ГРАЃАНСКО ОПШТЕСТВО И ОВОЗМОЖУВАЊЕ ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ВО РЕГИОНОТ ОВЧЕ ПОЛЕ И РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

ИСТОРИЈА

  • Мај,1991
    Иницијатива за формирање
  • 21.10.1991 Основачко собрание
  • Ноември,1991
    Зачленување во Движењето на екологистите на Македонија (ДЕМ)
  • 1992-1996
    Утврдување на еколошката состојба, апели за почиста средина, еко-патроли, практични акции на пошумување, на чистење на локалитети од цврст отпад, едукација преку локални и национални трибини, училишни часови, ТВ емисии, радио настапи, предавања, еко-квизови, еко-кампови, конкурси за ликовна и литературна творба
  • 23.12.1994
    Основан подмладок - ЕДИ-млади
  • Мај, 1996
    Воспоставено постојано канцелариско работење
  • Октомври,1997
    Воспоставена соработка со Институтот за трајни заедници (ИТЗ), Скопје
  • Септември,1997
    Воспоставена соработка со Регионалниот центар за заштита на животна средина за Централна и Источна Европа (ЦИЕ), Локална канцеларија, Македонија, (РЕЦ)
  • Мај,1998
    Воспоставена соработка со Швајцарска агенција за развој и соработка преку ДЕМ и Pro Natura
  • Декември,2000
    Воспоставена соработката со Milieukontakt, OOST Europa Реализиран прв проект на национално ниво
  • Јан. - Јули, 2001 Јуни, 2001
    Основана Асоцијација на здруженија на граѓани од општини кои имаат усвоено Локален еколошки акционен план (ЛЕАП)
  • Декември,2001
    Воспоставена соработка со Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Скопје
  • Април,2002
    Изработен Стратешки план

УЧЕСТВО ВО КОАЛИЦИИ

  • Асоцијација на здруженија на граѓани од општини кои имаат изработено ЛЕАП
    Основачи: ЕД " Изгрев " - Свети Николе, ЕД " Дешат "-Дебар, ЕД " Кладенец "-Пехчево, ЕД "Злетовица"-Пробиштип и ЗЕ "Еко-Лаб"-Лабуниште.
  • Свети Николе-најчист град во Македонија - акција 2001-2002
    Носители: Локална самоуправа и НВОи од Свети Николе: ЕД " Изгрев ", ИО " Гоце Делчев ", Општинска организација на жени, Здужение на Роми и Здружение на самохрани мајки "Мајка"

    Членка на следниве мрежи на национално ниво:

  • Европски центар за малцински прашања , Регионален ресурсен центар Куманово, декември 2002
  • ЕКО.НЕТ -Центар за електронска комуникација, како административен партнер за веб порталот www.edi.org.mk , март 2004
  • Граѓанска платформ на Макдонија , ноември 2004
  • Коалиција за меѓуетничка соработка , декември 2004

ПРОЕКТИ ВО ИЗРАБОТКА И ТЕКОВНИ ПРОЕКТ

Проекти во тек :

  • Учество во администрирање на веб порталот на Еко.Нет-www.eko.net.mk
  • “Стратегии за управување со водите и ублажување на сушата во земјоделството во Западен Балкан“-носител е Факултет за земјоделство и храна-Скопје
  • “Вовед во искористување на алтернативни извори на енергија“
  • “Климатските промени во Овче Поле“
  • “Иницијатива за добивање на биогориво“

Идни проекти :

  • “Креирање и развој на програма за организациски развој и учество во развој и градење на програми за здруженија на граѓани“

  • “Поддршка на развојот на процесот на разбирање и прифаќање на концептот волонтерствo преку промовирање, законска поддршка и поддршка на граѓанскиот сектор“

  • “Поддршка и промовирање на евроинтеграцијата на Република Македонија“.




 

copyright 2002 © ИЗГРЕВ
почеток | инфо | локална заедница | реализирани проeкти | млади | новости | програма | контакти