| |
|
НОВОСТИ
| “СТРАТЕШКО ПЛАНИРАЊЕ НА ДЕМ“
|
|
На 23 и 24 декември 2006 година во Пробиштип се одржа годишна средба на членки на ДЕМ (Движењето на Екологистите на Македонија), кои што започнаа со процесот на стратешко планирање.
|
|
| Пошумување во Свети Николе |
|
По иницијатива на Локалната самоуправа на општина Свети Николе ќе се изврши пошумување на градскиот парк и централното градско подрачје во Свети Николе.
|
|
| “БИО ОВЧЕ ПОЛЕ“ |
|
ЕД “Изгрев“ од Свети Николе формира Огранок за органско земјоделство “БИО ОВЧЕ ПОЛЕ“.
|
|
| 4та годишна средба на еколошки здруженија на граѓани |
|
Од 04-06.11.2005 година, во Охрид, се одржа 4та годишна средба на еколошки здруженија на граѓани. Организатор на овогодишната средба беше “Биосфера“ од Битола во соработка сo Milieukontakt, Коцка, како и со поддршка од UNDP.
|
|
| ВОВЕДНИК ВО ОДРЖЛИВО ЗЕМЈОДЕЛСТВО |
|
Во рамки на регионалниот проект “Кон иднината со одржливо земјоделство“, во периодот јуни-септември 2005 година, локалните проектни тимови на ЕД “Изгрев“ од Свети Николе и ЕД “Биос“ од Радовиш го изработија Воведникот во одржливо земјоделство.
|
|
| РЕЦ одбележува 15 години |
|
Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа оваа година одбележува 15 години од својата работа.
|
|
| Најнови еколошки случувања во Свети Николе |
Јавното комунално претпријатие "Единство" во Свети Николе ги реализира неколкуте проекти, кои што опфаќаат урбано уредување на некои делови од градот: ...
Многу новини и да се надеваме дека ќе бидат успешни и ќе придонесат за подобрување на еколошката и економската слика во градот.
|
|
| Кампања “КАЖИ МИ ШТО ЈАДАМ“
|
|
Еколошкото друштво “Изгрев“ од Свети Николе се вклучува и ја поддржува европската кампања на Федерацијата на млади европски зелени “КАЖИ МИ ШТО ЈАДАМ“. Ова се случува на ден 14.09.2005 година (среда) преку дистрибуција на билтен “Tell me what I eat!“ и налепници со оваа порака.
|
|
| НОВИ WATER WEB АКТИВНОСТИ ВО ОВЧЕ ПОЛЕ |
Најновите активности во рамки на проектот “СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ВОДИТЕ И УБЛАЖУВАЊЕ НА СУШАТА ВО ЗЕМЈОДЕЛСТВОТО ВО ЗАПАДЕН БАЛКАН“ засега се одвиваат со очекуваното темпо и успех.
Повеќе информации за проектот и активностите може да се добијат на www.waterweb.dk.
|
|
| “БАНКЕТ БЕЗ ГМО“ во Свети Николе |
|
Движењето на Екологистите на Македонија-ДЕМ во рамките на проектот “Иницијативи за легислатива и подигање на јавната свест за ГМО во Република Македонија“ во соработка со Еколошкото Друштво “Изгрев“ од Свети Николе на ден 09.07.2005 година (сабота) со почеток од 9.00 часот во Градскиот пазар, организираа Еко-хепенинг “Банкет без ГМО“.
|
|
| Национална конфернција за ЦИВИКУС |
|
Македонскиот центар за меѓународна соработка на ден 07.07.2005 година (четврток) во Александар палас, Скопје ја одржа Националната конференција во рамки на меѓународниот акциско-истражувачки проект, координран од Цивикус “Светска алијанса за граѓанско учество“.
|
|
| РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ-ПРЕД СЕ |
|
Решавање на проблемот со водата за пиење-пред се, за да може да зборуваме за одржлив развој во регионот на Овче Поле-главен заклучок од одржаната трибина на 16.06.2005 година (четврток) во организација на Граѓанскиот еколошки форум во Салата на Советот на општина Свети Николе.
|
|
| ПРАКТИЧНА ПРИМЕНА НА ОЗ ТЕХНИКИ |
|
Проектниот тим на ЕД “Изгрев“ на посебна средба со сопствениците на избраните фарми потпиша Изјава со соработка и да се надеваме дека заинтересираните страни ќе покажат резултати и ќе имаат видливи и продуктивни придобивки во иднина.
|
|
| Импресии од Шестиот Меѓународен ТВ фестивал ЕКО 2005-Охрид |
|
Од 2 до 5 јуни 2005 во Охрид се одржа шестиот по ред меѓународен ТВ фестивал организиран од страна на Македонската радио и телевизија, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за култура и општина Охрид.
|
|
| ДЕМ одбележа 15 години постоење |
|
Движењето на екологистите на Македонија на ден 06.06.2005 година (понеделник) во Клубот на пратеници во Скопје, со почеток од 17 часот одбележа 15 години постоење.
|
|
| Граѓанскиот еколошки форум ја интензивира обуката за концептот одржлив развој |
|
На средбата се пројави потреба од организирање на поширок форум (соочување) каде ќе учествуваат повеќе релевантни субјекти од градот-локална самоуправа, бизнис сектор, граѓански сектор, медиуми и други организации и поединци кои што имаат улога и обврски за да се воведе и практикува концептот на одржлив развој при процесите на планирање и развој на општина Свети Николе.
|
|
| Регионална обука за органско земјоделство |
|
ЕД “Изгрев“ од Свети Николе и ЕД “Биос“ од Радовиш во рамки на регионалниот проект “Кон иднината со одржливо земјоделство“ ја реализираа обуката за запознавање на селектирани земјоделски семејства со органското земјоделство.
|
|
| ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ПОМЕЃУ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ НА ОПШТИНИТЕ ОД ОСОГОВСКИОТ РЕГИОН |
|
На 22 април 2005 година во спортско-рекреативниот центар ПОНИКВА, по иницијатива и во организација на здружението на граѓани ГРАЃАНСКИ КОМИТЕТ ЗА РАЗВОЈ-Пробиштип, а во рамките на проектот ОСОГОВО ЕКО РЕГИОН финансиран од страна на Регионалниот центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа, со средства обезбедени од Europe Aid, Канцеларијата за соработка на Европската Комисија, се одржа тркалезна маса на тема ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ОСОГОВСКИОТ РЕГИОН.
|
|
| ЕДИ-МЛАДИ СО ПОДНОВЕНА СТРУКТУРА |
|
На ден 23 април 2005 година во ЕД “Изгрев“-Свети Николе, подмладокот на друштвото ја одржа својата прва конститутивна средба по одржувањето на 14то Годишно изборно собрание на ЕД “Изгрев“.
|
|
| Младите екологисти сликаа и пишуваа на тема “МОЈАТА ПЛАНЕТА“ |
 |
|
| Никола К. |
|
Според оценката на жири-комисијата најуспешни ликовни дела се на следниве учесници:
1 награда-Никола Костовски (УСО “Кочо Рацин“-Свети Николе)
2 награда-Ненад Јордановски (ОУ “Гоце Делчев“-Свети Николе)
3 награда-Анѓела Бочварска (ОУ “Ванчо Китанов“-Пехчево)
|
|
| Локални трибини за органско земјоделство |
|
ЕД “Изгрев“ од Свети Николе и ЕД “Биос“ од Радовиш во рамки на регионалниот проект “Кон иднината со одржливо земјоделство“ започнаа со организирање на локални трибини во руралните средини за запознавање на населението со значењето и улогата на одржливиот развој, одржливото земјоделство и посебно органското земјоделство.
|
|
| ГМО-Опасност или предизвик
Прва НВО средба |
|
Во рамки на проектот “Иницијативи за легислатива и подигање на јавнаат свест за ГМО во Македонија“ се одржа Првата НВО средба. Средбата се одржа на ден 14.04.2005 година во просториите на Движењето на екологистите на Македонија.
|
|
| Редовна Информативна средба за граѓаните на Свети Николе |
ЕД “Изгрев“ ја одржа редовната средба за информирање на своето членство, соработниците и граѓаните.
По средбата, се одржа 14то Годишно собрание, на кое што е избрано новото раководство на друштвото. Членови на Извршен одбор се: Владимир Гилев-Претседател, Благица Панева, Паскалина Ѓошевска, Катерина Зафирова и Јорданчо Давитков. Членови на Надзорен одбор се: Снежана Димитрова, Драгољуб Николов и Јорданка Димчева.
Успешна работа!
|
|
| Иницијатива за стратешки дијалог |
|
На ден 21.03.2005 година во Свети Николе, со почеток од 18 часот, Еколошкото друштво “Изгрев“ организира презентација на анализата и препораките за следниве области: здравство, човекови права, економија и образование.
|
|
| ПОЗЕЛЕНУВАЊЕ ВО ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ |
|
Централната порака на кампањата “Децентрализацијата конечно доаѓа! По локалните избори, општините ќе имаат повеќе пари и моќ. Да, но ќе имаат и повеќе одговорности! Во следните четири години општините ќе одлучуваат... Меѓу другото, и за чистотата на нашите улици, за квалитетот на воздухот што го дишиме, за отпадот што им го оставаме на нашите деца. Но знаеш што!? Еднаш на четири години ТИ ОДЛУЧУВАШ-КОЈ ЌЕ ОДЛУЧУВА! Оваа пролет, искористи ги локланите избори да сториш нешто позитивно за својата локална животна средина! Гласај за луѓето кои што добро ќе се грижат за неа. И НЕ ЗАБОРАВАЈ, приказната не завршува со изборот, тогаш почнува. ЗАТОА, пред да го дадеш својот скапоцен глас прашај ги твоите локлани кандидати колку навистина се зелени“, како и слоганот на кампањата “ГЛАСАЈ ЗА ПРИРОДАТА!“, Еколошкото друштво “Изгрев“ од Свети Николе, во текот на изминативе две недели, ги промовираше во општина Свети Николе.
|
|
| ГМО-ШТО МИСЛИ ЈАВНОСТА |
|
Во последниве години развојот и употребата на нови техники на генетски инженеринг предизвикаа темелни промени во традиционалните методи и ширината на биотехнологијата.
|
|
| МЛАДИТЕ ЕКОЛОГИСТИ ОРГАНИЗИРАА АУКЦИЈА НА ПОДАРОЦИ |
|
На ден 28.02.2005 година членовите на Школата за млади екологисти организираа самофинансирачка активност-Аукција на подароци. Аукцијата се одржа во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ во Куманово и траеше од 19 до 22 часот.
|
|
| ОБУКА ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ДО ЕУ ФОНДОВИТЕ ЗА НВОи ВО МАКЕДОНИЈА |
|
За време на деновите 24 и 25 февруари 2005 година, во хотел Јадран, во Скопје се одржа Обука за аплицирање до фондовите на Европската Унија за НВОи во Македонија. Организатор на обуката беше ДемНет-Фондација за развој на демократски права од Унгарија со коорганизаторот ЦИРа-Центар за институционален развој од Македонија.
|
|
| Граѓанскиот еколошки форум ја интензивира обуката за концептот одржлив развој |
|
Презентација за проектот, неговата цел и воопшто за концептот на одржлив развој имаше д-р Јосиф Таневски, а за биодиверзитет и одржливиот развој зборуваше проф. д-р Љупчо Меловски. Беше дистрибуирана брошурата “Примена на концептот на одржлив развој во општините во Република Македонија“. Во однос на темите, присутните дискутираа за природните ресурси во регионот на Овче Поле, па посебно беа наведени: полезаштитните појаси, герените, руралните средини каде се практикува традиционално земјоделско производство со што се обезебдува задржување на автохтони сорти на растенија и животни, притоа имајќи ги в предвид специфичните климатски услови во регионот на Овче Поле, и тоа доминантна суша, постојан ветер и многу сончеви денови во текот на годината и слаби врнежи.
|
|
| ЧЕСТИТКИ ДО ТИМОТ-ПОБЕДНИК НА РЕГИОНАЛНИОТ ЕКО-КВИЗ
|
|
За утврдување на стекнатите знаења и информации во рамки на Школата се организира Регионален еко-квиз. Учесниците се натпреваруваа во мешани тимови, а квизот се одржа на ден 18.01.2005 година (вторник) во Женскиот центар-Куманово.
|
|
| НОВОГОДИШЕН МАРАТОН “М+“*
|
*Новогодишниот маратон “М+“ е воспоставен во чест на монахот Теофан, основател на манастирот Свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.
По повод 1000 годишнината од постоењето на манастирот и оваа година, како и претходната, се организира овој Новогодишен маратон, уште и наречен “М+2“.
|
|
| ШКОЛАТА ЗА МЛАДИ ЕКОЛОГИСТИ-Започна со планирање на регионалниот еко-квиз |
|
ЕД “Изгрев“, како членка на Европскиот Центар за Малцински Прашања-Регионален ресурсен центар, Куманово, со 4 НВОи-членки на Центарот (СОС-Куманово, Дром-Куманово, Натира-Липково и УСЗМ/РО-Куманово-Старо Нагоричане), во рамки на проектот “Иницијативи за формирање на Школа за млади екологисти“, реализира работилница на тема мотивирање на младите од регионот за изнаоѓање решенија за еколошките проблеми, и посебно за волонтерството.
|
|
| Позеленување на Централна и Источна Европа |
|
Во периодот од 6 до 9 декември 2004 година, во Србија и Црна Гора (Палич) се одржа меѓународна конференција “Позеленување на Централна и Источна Европа-Работиме заедно на развој на органското земјоделие“.
|
|
| ЕКО-ПАТРОЛА НА АКТИВИСТИТЕ НА ЕД "ИЗГРЕВ"
|
|
Активистите на ЕД "Изгрев" на ден 04.08.2004 г.(среда) извршија редовна еко-патрола на излетничкото место “Ѓуриште“ и околината на село Горобинци, за да ја согледаат состојбата со животната средина во овој дел од Овчеполието.
|
|
| ЕКО ПАТРОЛА НА АКТИВИСТИТЕ НА ЕД "ИЗГРЕВ" |
|
Активистите на ЕД "Изгрев" на 5.05.2004 г.(среда) извршија редовна еко патрола на излетничките места и околните села, за да ја согледат состојбата со животната средина, по прославувањето на Првомајските празници.
|
|
| ЕД "ИЗГРЕВ" ОДРЖА ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА |
|
На 15.04.2004 година (четврток) со почеток во 18 часот во Големата сала на Советот на општина Свети Николе Еколошкото друштво "Изгрев" во рамките на своето редовно годишно информирање одржа средба.
|
|
| XIII ГОДИШНО СОБРАНИЕ НА ЕД "ИЗГРЕВ" |
|
На 16.04.2004 година (петок) со почеток во 19 часот, во присуство на своите членови, ЕД "Изгрев" го организира и одржа своето XIII Годишно собрание.
|
|
|
|
|