ПЛАН И ПРОГРАМА

Вклучувајќи се во програмата ,,Развивање на граѓански организации во Македонија" на независната холандска фондација Milieukontakt, OOST Europa, активистите на ЕДИ реализираа низа работилници за развој на Стратешки план. Работилниците беа фацилитирани од г-динот Зоран Стојковски.

КЛУЧНИ АКТИВНОСТИ

Со започнување на процесот на стратешко планирање беа идентификувани следниве клучни активности:

  • Информирање и едукација на граѓаните за заштитата и унапредувањето на животната средина;
  • Промоција на органско земјоделие, како форма на земјоделие која гарантира здрава животна средина;
  • Соработка и партнерство со НВОи, локалните, државните власти и институции во РМ;
  • Обезбедување на услуги за граѓани, НВОи, бизнис секторот, локалните и државните власти;
  • Самофинансирачки активности и
  • Вклучување на граѓаните во процесите на донесување одлуки.

КЛУЧНИ ВРЕДНОСТИ

Клучните вредности се основни двигатели на работата во организацијата. Тие се прифатени и се применуваат од сите нејзини членови. Беа идентификувани следниве клучни вредности:

  • Постои атмосфера на превземање иницијативи;
  • Постои добра соработка, респект и доверба меѓу членовите;
  • Сите членови веруваат и се убедени во мисијата;
  • Членовите на Извршниот одбор учествуваат во процесот на донесување одлуки;
  • ЕДИ и помага на секоја НВО која има потреба, на локално или национално ниво;
  • Ретко постои натпреварувачки дух меѓу членството, туку се покажува грижа еден за друг;
  • Постои неформалност во работата и во односите со колегите;
  • Постои професионален персонал и членство со висок степен на ентузијазам, амбициозност, креативност и пожртвуваност во работата;
  • Постои хумор и забава;
  • Сите членови имаат позитивен пристап кон животот и
  • Се прифаќаат несогласувањата и грешките, како нешто од кое може да се научи повеќе за органзацијата.

ДОЛГОРОЧНА ЦЕЛ

Изнаоѓање модели и механизми за решавање на проблемите поврзани со животната средина за потребите на власта, бизнис секторот и граѓаните (НВОи), на локално и национално ниво.

СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

Да се искористат можностите за започнување самофинансирачки активности

Причина:

За успешно функционирање, самостојност во работата и финансиска стабилност, од посебно значење е постојано воспоставување на соработка со нови донатори. Соработката со донаторите е значајна како за постигнување на краткорочни, така и за долгорочни еколошки истражувања и цели. Но, поаѓајќи од можноста за повлекување на меѓународните фондации и донатори од Република Македонија, СФА би овозможиле континуирана работа на ЕДИ, и трајно обезбедување на финансиски средства. Покрај тоа со обезбедување на сопствени финансиски средства организацијата ќе обезбеди и своја независност и самостојност.

Можни СФА:

консалтинг за НВОи и локалната власт за изработка и спроведување на ЛЕАП, изнаоѓање на еколошки решенија за еколошките приоритети, изработка на стратегии за заштита и унапредување на животната средина преку учество на јавноста во донесувањето на одлуки и сл;

  • издавање на публикации;
  • конзервација на природата;
  • имплементација на методологии и пристапи во заштита на животната средина;
  • сертификација за органско земјоделие и сл.

Да се формира и да работи Локален Еколошки Информативен Центар (ЛЕИЦ)

Причина:

Тргнувајќи од искуствата за еколошката состојба во светот и Република Македонија и имајќи го во предвид негативниот тренд на унапредување на животната средина, како и ниската еколошка свест на локално ниво, со формирање и работа на ЛЕИЦ ќе се обезбеди пристап на јавноста до информации за состојбата на животната средина. Со начинот на работата на ЛЕИЦ, покрај постојана еколошка едукација на граѓаните, можат да се обезбедат и активности кои ќе обезбедат финансиски средства. (тренинг, еко-камп за млади, еко-пазари, еко-туризам, еколошки истражувања, ..).


Да се промовира органското земјоделие во регионот Овче Поле

Причина:

Промоција на органското земјоделие во регионот Овче Поле го изразува тежнеењето на организацијата кон економски и севкупен развој на општината Свети Николе, примерен на современите еколошки барања и стандарди. Всушност, активистите сакаат да укажат дека во регионот Овче Поле, како релативно загадена средина, постојат потенцијали и можности за производство на здрава храна по стандардите за органско земјоделие. Воедно, со примена на органското земјоделие како највисока форма за одржливо земјоделие ќе се обезбеди здрава животна средина, а постоечките ресурси (почва, вода, воздух, биолошка разновидност...) ќе се зачуват за идните генерации.

Да се вклучат граѓаните во процесот на донесување и спроведување на одлуки од областа на животната средина и одржлив развој

Причина:

Ниту една одлука од било која област на заедничкото живеење на граѓаните не може успешно да се спроведе доколку самите граѓани не учествуваат во нејзиното донесување. Затоа од суштинско значење е ЕДИ да ги вклучи граѓаните во процесот на донесување и спроведување на одлуки од областа на заштита на животната средина и природата на локално ниво.

Да се обезбеди континуирана обука на активистите на ЕДИ

Причина:

За функционирање, развој и унапредување на самостојна НВО потребно е активистите да поседуваат одредени искуства, вештини и знаења. Затоа е потребно постарите членови да бидат обучени од специјализирани организации или поеднинци. Понатаму, стекнатите искуства постарите членови ќе ги пренесат на новите активисти.



   
 

copyright 2002 © ИЗГРЕВ
почеток | инфо | локална заедница | реализирани проeкти | млади | новости | програма | контакти