СПРОВЕДЕНИ ПРОЕКТИ И ПРОГРАМИ

 

“Иницијативи за формирање на Школа за млади екологисти“


Иницијатива на регионално ниво: ЕД “Изгрев“ е носител организација; останати партнерски организации се: С.О.С.-Куманово; ЗГ “Натира“-Липково; ЦЗР “Дром“-Куманово и УСМРО-РО Куманово-Старо Нагоричане.  
Координатир: Владимир Гилев
Период на реализација: ноември, 2004 – март, 2005
Финансиска поддршка: Европски центар за малцински прашања-Скопје
Резултати:

  • Создадено е јадро од 30 едуцирани млади екологисти од регионот на Куманово - Свети Николе - Липково и Старо Нагоричане.
  • Реализирани се шест работилници на еколошки теми.
  • Организирани се еко-квиз и посети на важни објекти за животната средина во регионот.
  • Спроведена е Аукција на подароци и формиран е Регионален младински еколошки форум.
  • Изработен е промотивен материјал-брошура - “Школа за млади екологисти“.

     

“Иницирање на процедура за донесување на План за развој на волонтерството во Република Македонија“


Иницијатива на национално ниво: ЕД “Изгрев“ е носител организација; останати партнерски организации се: СОС-Куманово, Младински Културен Центар-Битола, ОРТ-Скопје, Арка-Куманово и Мултикултура-Тетово.
Поддршка од советодавен тим од надворешни лица и Меѓународниот центар за не-профитнио право.
Координатор: Владимир Гилев
Период на реализација: декември, 2004 – март, 2005
Финансиска поддршка: Европски центар за малцински прашања-Скопје
Резултати:

  • Спроведена е анкета за волонтерството.
  • Организирана е широка кампања за промоција на волонтерството и дистрибуција на печатен материјал-леток и постер “ВОЛОНТЕР ЗОШТО ДА НЕ!“.
  • Организирани се средби со вклучените и други заинтересирани организации и поединци.
  • Создадена е мрежа од организации препознатливи по своите активности на поле на волонтерството.
  • Создадена е база на податоци за активности и организации кои се однесуваат на волонтерството и истата се обновува.

?Креиран е Нацрт План за развој на волонтерството во Република Македонија и во тек е прибирање на коментари и милсења. Инволвирани се државните и локалните власти во процесот на креирање и имплементација на Планот за развој на волонтерството.   

   

“Кон иднината со одржливо земјоделство“


Иницијатива на регионално ниво: ЕД “Изгрев“ е партнерска организација со ЕД “Биос“ од Радовиш
Заменик координатор: Катерина Зафирова
Тим за реализација: Марјан Ѓошевски, Владимир Гилев, Јорданчо Давитков, Дарко Владимиров, Душан Давитков
Период на реализација: јануари – септември, 2005
Финансиска поддршка: Регионален центар за заштита на животната средина на Централна и Источна Европа, со средства обезбедени од Europe Aid Канцеларијата за Соработка на Европската Комисија.
Резултати:

  • Воспоставена е база на податоци за општините Свети Николе и Радовиш за можностите и потенцијалите за органско производство и преработка.
  • Реализирани се 4 локални трибини, 12 средби со земјоделските производители од регионот на Овче Поле и спроведена е анкета.
  • Локалното население е запознато со органското производство и подигната е свеста за нивната улога во рационалното искористување на природните ресурси и заштита на животната средина.
  • Креирана е Листа на 80 заинтересирани земјоделски производители.
  • Идентификувани и селектирани се 4 пилот фарми во регионот на Овче Поле за воведување на техника добивање на хумус со помош на калифорниски црви.
  • Изработена е Анализа на придобивките - еколошки, економски и социјални.
  • Започнат е процес на проширување на техниката меѓу други производители од регионот и пошироко.
  • Креиран е печатен материјал – леток и “Воведник во одржливо земјоделство“.

ЕД “Изгрев“ учествуваше во реализација на следниве иницијативи:

  • “Осогово еко-регион“ - носител Граѓанскиот комитет за развој, Пробиштип
  • “Обука и зајакнување на капацитетот во 6 општини во Р. Македонија во примена на концептот на одржлив развој“ - носител Граѓанскиот еколошки форум, Скопје
  • “Тротоарите се за пешаците“ - носител Проактива, Скопје
  • “Гласај за природата“ – национална кампања на група еколошки НВОи со поддршка од Milieukontakt OOST Europa
  • “Иницијативи за легислатива и подигање на јавната свест за ГМО во Република Македонија“ - носител Движење на екологистите на Македонија

 

„Изнаоѓање одржливи решенија за елиминација на дивите депонии во општина Свети Николе преку имплементација на Архуската конвенција“

Тим што го реализира: Владимир Гилев-координатор, Соња Блажева, Јорданка Димчева, Душан Давитков, Катерина Зафирова, Фросина Георгиева, Јорданчо Давитков, Дарко Владимиров и членовите на Граѓанскиот комитет-соработници.

Период на реализација: ноември 2002-јули 2005

Финансиска поддршка: Регионален центар за заштита на животната средина за Централна и Источна Европа-Будимпешта

Резултати:

  • Јавноста е запозната со состојбите со цврстиот отпад во општината преку: леток, два билтени “Д-р ОЗ за учество на јавноста во општина Свети Николе“, анкетни прашалници за граѓаните и за претставниците на бизнис секторот, средби со граѓаните од месните заедници и од четири поголеми селски населби, ТВ емисии и натписи на еко-пано.
  • Формиран е Граѓански комитет за изработка на Стратегија за управување со цврстиот отпад во општина Свети Николе.
  • Стратегијата за управување со цврстиот отпад е усвоена од страна на Советот на општина Свети Николе на седницата одржана на 31.10.2003 година.
  • Во тек е потпишување на Меморандум за соработка помеѓу локалната самоуправа на општина Свети Николе и граѓанските здруженија.

„Со стари фотографии до самофинансирачки еко-работилници“

Тим што го реализира: Никола Јанев-координатор, активистите на ЕДИ-Млади и стручни лица-соработници.

Период на реализација: ноември-декември 2002

Финансиска поддршка: Фондација институт отворено општество-Македонија

 

Резултати:

  • Собрани се 900 стари фотографии од граѓаните.
  • Отпечатена е монографијата “Свети Николе и Светиниколчани низ фотографии“.
  • За продажната изложба беа подготвени 30 стари фотографии.
  • Остварени се финансиски средства од 20000 МКД.
  • Одржани се 20 еко-работилници за активистите на ЕДИ-Млади.

„Аукција на подароци изработени во еко-работилница“

Тим што ја реализира: Активистите на ЕДИ-Млади и стручни лица-соработници.

Цел: Активно и креативно исполнување на слободното време на активистите на ЕДИ-Млади во нова еко-работилница

Време на реализација: декември 2003

Резултати:

  • Изработени се 73 предмети од цврсти отпадоци и природни материјали.
  • Реализирана е тивка Аукција со 50 учесници.
  • Собрани се финансиски средства од 7000 денари.
  • Се реализира нова еко-работилница.

“Архуската фамилија во Република Македонија“

Иницијатива на национално ниво: ЕД “Изгрев“ е партнерска организација; “Биосфера“-Битола (носител на проектот); останатите коалициони партнери се: “Проактива“-Скопје; ЕКО.НЕТ-Скопје; ЕРИНА-Скопје и ЗГ “Екоенергија“-Кавадарци

 

Период на реализација: јуни-септември 2004

Финансиска поддршка: Milieukontakt Oost Europa

Резултати:

  • Формирана е национална НВО коалиција, која работи на поле на имплементација на Архуската конвенција во Република Македонија со околу 30 организации членки.
  • Остварена е соработка со Центрите за информирање на граѓани и МЖСПП за пристапот до информации и користењето на информативната и комуникациска технологија.
  • ЕКО.НЕТ ја постави првата специјализирана веб страна за Архуската конвенција во Македонија: www.eko.net.mk/aarhus.
  • Постојано се разменуваат информации со сродните мрежи од ЦИЕ и се поставуваат информации на регионалната веб страна www.see.environemnt-info.
  • Реализиран е семинар за евалуација и планирање на следни активности.

„Рурални етнички поврзувања“

Иницијатива на регионално ниво: ЕД “Изгрев“ е партнерска организација; С.О.С.-Куманово (носител на проектот); останати партнерски организации се: ЗГ “Натира“-Липково; ЦЗР “Дром“-Куманово и УСМРО-РО Куманово-Старо Нагоричане.

Период на реализација: јуни-октомври 2004

Финансиска поддршка: Европски центар за малцински прашања-Скопје

Резултати:

  • Формирана е база на податоци за руралните културни вредности на општините Свети Николе, Куманово, Старо Нагоричане и Липково.
  • Реализирана е анкета меѓу претставници од различни етнички заедници во руралните средини од Кумановскиот регион.
  • Изработен е промотивен материјал-каталог и документарен филм “Рурални етнички поврзувања“ за избраните репрезентативни села: Мустафино, Винце, Матејче, Старо Нагоричане и Младо Нагоричино.
  • Реализирана е документарна вечер за претставување на овие села.
  • Создадени се насоки за рурален развој на општините Куманово, Свети Николе, Старо Нагоричане и Липково со анализа на можностите за отварање на Рурален информативен еколошки центар.

,,Инволвирање на јавноста за решавање на состојбите со
отпадните води во општина Свети Николе"

Тим што го реализира:
Соња Димова-координатор, Владимир Гилев, Паскалина Ѓошевска и Спасе Здравков-соработници,Зоран Божиновски-надворешен соработник.

Период на реализација:
Октомври, 1997-Април 1998

Финансиска подршка:
Институт за трајни заедници

Резултати:

  • Јавноста е информирана за состојбите со отпадните води во Свети Николе преку медиумите, печатот, леток, брошура и изложба на фотографии;
  • Воспоставено е активно учество на заинтересираните граѓани за решавање на проблемот преку директни контакти, зелен телефон, зелено поштенско сандаче, контактни емисии на локалните ТВ и радио, трибини, ...;
  • Организирано е постојано канцелариско работење;
  • За првпат, на 13.11.1997 година, формирана е коалиција на НВОи од градот за разрешување на приоритетни еколошки проблеми;
  • Извршена е стручна анализа на загадувањето на Светиниколска Река и бунарите крај речното корито;
  • Изработена е Предлог програма ,,Начини за решавање на состојбите со отпадните води во општина Свети Николе";
  • Воспоставена е соработка со локалната самоуправа:
  • Советот на општината ја усвои Предлог програмата;
  • Извршено е чистење на речното корито од страна на Јавното комунално претпријатие (ЈКП) и НВОи и
  • Фондот за комуналии ги започна подготовките за ревитализација на постоечката пречистителна станица за фекални води.

,,Инволвирање на јавноста за заштита на шумскиот
фонд во општина Свети Николе"

Тим што го реализира:
Паскалина Ѓошевска-координатор, Соња Гилева, Олигица Митрушевска, Соња Димова и Владимир Гилев -соработници.

Период на реализација:
Октомври, 1997 - Декември, 1998

Финансиска подршка:
Регионален центар за заштита на животната средина за ЦИЕ

Резултати:

  • Јавноста е запознаена за состојбите со шумскиот фонд и полезаштитните појаси во општината преку: летоци: ,,За подобро утре", ,,Доколку сакаш да уништиш еден народ-уништи му ги шумите" и ,,Кога горат шумите престанува да чука срцето на природата", Брошура: ,,Полезаштитни појаси-Овчеполски шуми во мало", ТВ и радио емисии, натписи на еко-пано;
  • Проектот го подржаа локалните НВОи;
    рОдржана е регионална трибина ,,Значењето, одгледувањето и заштитата на полезаштитните појаси" ;
  • Во проблемот е инволвиран и ДЕМ, кој што од своето седмо годишно собрание упати ,,Протест против сеча на шумите" до медиумите во републиката;
  • Побарана е средба со Министерот на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и остварена е средба со заменик министерот на МЗШВ;
  • Реализиран е награден конкурс за ликовна и литературна творба на тема ,,За вистинските луѓе секое дрво е дрво на животот";
  • Реализирано е чистење на излетничкото место Ѓуриште и еко-квиз со 120 млади од општината;
  • Реализиран е награден конкурс ,,Најдобро уредена зелена површина во градот" и остварена соработка со ЈКП;
  • Водена е преписка со државните власти за законска заштита на полезаштитните појаси (МЗШВ и Министерството за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина, МУГЗЖС);
  • Извршено е пошумување на делови од градот и
  • Испратено е претставка на Главниот републички инспектор за животна средина за директорот на Шумското стопанство, поради сеча на полезаштитните појаси.

,,Кампања за заштита на полезаштитните појаси"

Тим што го реализира:
Владимир Гилев- координатор, Соња Димова Паскалина Ѓошевска, Јорданчо Давитков и Зоран Анастасов-соработници.

Период на реализација:
Јуни, 1998 - Септември, 1998

Финансиска подршка:
Швајцарска агенција за развој и соработка преку ДЕМ и ProNatura

Резултати:

  • Анкетирани се 1000 граѓани за потребата од полезаштитните појаси;
  • Едукативен постер ,,Полезаштитни појаси";
  • Репортажен аматерски филм ,,Полезаштитни појаси";
  • Инволвирани се граѓаните кои што во 1956 година учествувале во подигањето на полезаштитни појаси;
  • Реализирана е изложба на фотографии;
  • Остварена е преписка со државните власти за законска заштита на полезаштитните појаси;
  • Добиена е подршка од одделни министерства, а од соодветните за проблемот немаше желба за соработка;
  • Испратено е Барање за законска заштита на полезаштитните појаси до МЗШВ, МУГЗЖС и премиерот;
  • Одржани се едукативни предавања во училиштата и информативни настапи на ТВ Свет и
  • Одржана средба на заинтересираните страни, земјоделците, сточарите и земјоделските институции.

Изработка на Локален еколошки акционен план
за општина Свети Николе

Тим што го реализира:
Владимир Гилев-координатор, Соња Димова, Оливера Тосева, Соња Блажева, Јелена Јаневска-соработници, членови на Стручен, Граѓански совет и стручни луѓе од соодветни области.

Време на реализација:
Јули, 1998 - Април, 2000

Финансиска подршка:
Институт за трајни заедници



Резултати:

  • Реализирана е промотивна иницијативна средба со граѓаните за ЛЕАП;
  • Формирани се Граѓански и Стручен совет;
  • Потпишани се Договори за соработка со локалната самоуправа, бизнис сектор и НВОи;
  • Јавноста е информирана за состојбите со животната средина и текот на проектот преку локалните и националните ТВ и радио и натписи на еко-пано;
  • Анкетирани се 2000 граѓани за состојбата со животната средина во општината и еколошките приоритети;
  • Спроведена е телефонска анкета со 250 граѓани за прашањето ,,Дали користите вода за пиење од градскиот водовод?";
  • Создадена база на податоци за моментната состојба во општината и креирана визија;
  • Одредени се еколошките приоритети во општината;
  • Отпечатени се и дистрибуирани 2000 летоци и 1000 книжни кеси за ЛЕАП;
  • Реализиран е награден конкурс за ликовна и литературна творба на тема ,,Свети Николе во 2020година";
  • Реализирани се две трибини ,,Јонизирачки и нејонизирачки зрачења во нашиот регион и ,,Квалитет и квантитет на водата за пиење";
  • Реализирана е јавна расправа за ,,Нацрт-ЛЕАП за општина Свети Николе";
  • Усвоен е ЛЕАП за општина Свети Николе од Советот на општината на ден 29.03.2000 година и
  • Промоција на ЛЕАП за општина Свети Николе.


Спроведување на Локален еколошки акционен план
за општина Свети Николе

Тим што го реализира:
Владимир Гилев-координатор, Соња Блажева, Катерина Зафирова, Соња Гилева, Драги Миланов-соработници, членови на Тимот за изнаоѓање на финансиски средства и членови на Работни групи.

Време на реализација:
Октомври, 2000 - Јануари, 2001

Финансиска поддршка:
Институт за трајни вредности

Резултати:

  • Извршен е преглед на ЛЕАП од иницијативната група;
  • Извршена е анализа на моменталното спроведување на ЛЕАП во општината;
  • Создадена е организациска структура за проектот;
  • Потпишани се меморандуми за разбирање со членовите на координативното тело, спроведувачите и членовите на работните групи;
  • Јавноста е информирана преку леток, ТВ спот, билтени, натписи на еко-пано и документарен филм;
  • Утврдени се критериумите за приоритетни акции за 2001 година;
  • Креиран е нацрт-план и буџет за спроведување на ЛЕАП;
  • Усвоен е План за спроведување на ЛЕАП од Советот на општината;
  • Назначен Советник на Градоначалникот на општина Свети Николе за прашања од областа на екологија и заштита на животна средина-активист на ЕДИ;
  • Назначен е Тим за набљудување и оценување на Спроведувањето на ЛЕАП од Градоначалникот на општина Свети Николе и
  • Извршена е оценка на спроведувањето на ЛЕАП.

Да ја запознаеме програмата за
регионална обнова на животната средина

Тим што го реализира:
Владимир Гилев- координатор, Соња Блажева-соработник, ДО ,,Молика", ЕД ,,Калинка", ЕД ,,Флора", ДЕМ и ЕД ,,Вила Зора"-партнери, Даниела Стојанова (ДЕМ) и Методија Димовски (Министерство за животна средина и просторно планирање, МЖСПП)-предавачи.

Период на реализација:
Јануари - Јуни, 2001

Финансиска подршка:
Регионален центар за заштита на животната средина за ЦИЕ

Резултати:

  • Јавноста е информирана за ,,Програмата за регионална обнова на животната средина" на четири регионални и една национална средба;
  • Отворена е WEB страна за проектот;
  • Зајакната е соработката со НВОи од републиката и
  • Јавност за проектот е информирана преку електронските (www.edi.org.mk) и локални и национални медиуми, брошура ,,Граѓанското општество во Регионалната програма за обнова на животната средина" и седум броја билтени за проектот.

Реконструкција на филтри на фабриката за вода

Тим што го реализира:
Владимир Гилев-координатор, Соња Блажева-соработник

Спроведувач:
ЈКП ,,Единство", Свети Николе

Време на реализација:
Ноември, 2001

Финансиска подршка:
Институт за трајни заедници

Резултати:

  • Формиран е Тим за набљудување, оценување и известување за текот на проектот;
  • Извршена е замена на опализираниот туф во филтрите;
  • Намалена е количината на органските материи во водата за пиење и
  • Подобрен е квалитетот на водата за пиење од фабриката за производство на сировата вода во вода за пиење.


Иницирање стратегија за управување со
водните ресурси во општина Свети Николе

Тим што го реализира:
Катерина Зафирова- координатор, Владимир Гилев, Соња Блажева, Соња Гилева-соработници, Теодор Цоневски, Станислава Додева, Видое Тасевски, Владо Ивановски и Доне Михајловски-надворешни соработници.

Период на реализација:
Септември, 2001 - Јануари, 2002

Финансиска подршка:
Институтот за трајни заедници

Резултати:

  • Јавноста е запознаена со состојбите со водните ресурси во општината преку: леток, налепница ,,Водата живот значи, чувајте ја водата", два билтени ,,Водни ресурси во општина Свети Николе", брошура ,,Кон стратегија за управување со водните ресурси"; ТВ, радио емисии и натписи на еко-пано;
  • Формиран е Граѓански комитет за изработка на Стратегија за управување со водните ресурси во општина Свети Николе;
  • Трибина ,,Водни ресурси во општина Свети Николе";
  • Едукативни предавања во основните училишта во градот и
  • Нацрт стратегија за управување со водни ресурси во општина Свети Николе, доставена до Советот на општината.


Локални иницијативи за воведување на
органско земјоделие во регионот Овче Поле

Тим што го реализира:
Владимир Гилев-координатор, Катерина Зафирова-асистент, Зоран Голубов, Љупчо Михајлов, Тасе Цветков, Игор Николов и Соња Блажева-соработници.

Време на реализација:
Ноември, 2000 - во тек

Финансиска подршка:
Швајцарска агенција за развој и соработка преку ДЕМ и ProNatura

Резултати постигнати во првата година:

  • Создадена е база на податоци за земјоделието во регионот Овче Поле;
  • Промовирани се можностите за органско земјоделие во регионот;
  • Зголемена е јавната свест за органско земјоделие кај потрошувачите и производителите до степен на заинтересираност;
  • Идентификувани се дел од партнерите и учесниците;
  • Анимирани се земјоделските здруженија и други НВО и;
  • Реализирана самоевалуација и
  • Создаден е концепт ,,Производ од мојата фарма".

Планирани активности за 2002:

  • Обука на консултанти за техники во органско земјоделие;
  • Запознавање на земјоделците со органското земјоделие и нивна обука за производство на органско ѓубриво;
  • Формирање на интересни групи производители и потрошувачи за органско земјоделие;
  • Изработка и дистрибуција на едукативен материјал (леток, билтен...);
  • Медиумска кампања на производи по IFOAM стандарди;
  • Развивање на концептот ,,Производ од мојата фарма";
  • Реализација на пилот етикета за ,,Производ од мојата фарма" и
    рОбука за маркетинг.

    Аукција на подароци

    Тимот што ја реализира:
    Владимир Гилев, Соња Блажева, Катерина Зафирова, Соња Гилева, Елена Горгиева, Симеон Георгиев, Драги Миланов, Андријана Трајчева, Александар Стојанов, Анета Миланова, Нарциса Митева, Драгољуб Николов, Андриана Митрушева, Јорданчо Давитков, Дарко Владимиров, Даниела Стојанова и Зоран Стојковски.


    Цел:

    Облагородување на училишниот двор на ОУ ,,Кирил и Методиј"

    Време на реализација:
    Септември - Декември, 2001

    Резултати:

  • Собрани се 100 подароци од граѓаните, бизнис секторот и локалната самоуправа;
  • Реализирана е тивка и гласна аукција на подароци со 120 учесници;
  • Остварени се финансиски средства од нето 42 850 денари и
  • Реализиран е 1/3 од хортикултурен план на ОУ,,Кирил и Методиј".



   
 

copyright 2002 © ИЗГРЕВ
почеток | инфо | локална заедница | реализирани проeкти | млади | новости | програма | контакти